-->
-->
НБА: Лејкерси со тројка во финишот обезбедија плеј-оф
-->
Лос Анџелес лејкерс се пласираа во плеј-офот од седмата позиција во Западната конференција, додека за осмото место ќе се борат Голден стејт вориорс и Мемфис гризлис.
Лејкерси во борбата за седмото место забележаа победа 103:100 над Голден стејт вориорс. Од друга страна, дулеот на деветтиот Мемфис и десеттиот Сан Антонио им припадна на Гризлиси со 100:96.
Леброн Џејмс, со тројка од девет метри, преку Стеф Кари, на 59 секунди до крајот го реши дуелот Лејкерс-Вориорс.
Вориорс на шест минути до крајот на третиот период имаа предност од 12 поени, која Лејкерси ја анулираа со серијата од 7:17.
Леброн натпреварот го заврши со трипл-дабл од 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Покрај Џејмс, клучен играч во победата на Лејкерс беше Ентони Дејвис, кој во последниот период постигна 13 од своите 25 поени.
Леброн и Дејвис ја поништија одличната партија на Стеф Кари, кој ги предводеше Вориорси со 37 поени.
Вориорси ќе имаат уште една шанса да изборат место во плеј-офот. Противник ќе им бидат Мемфис гризлис. Јонас Валанчунас и Дилон Брукс ги предводеа Гризлиси до победата над Сан Антонио 100:96.
Литванецот одигра брилијантен натпревар (23 поени и 23 скока), Брукс постигна 24 поени, а Џа Морант 20 поени.
Кај Сан Антонио по 20 поени реализираа Демар Дерозан и Руди Геј. а трипл-дабл од 10 поени, 13 скокови и 11 асистенции забележа Дехунте Мареј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маж и жена од Македонија се заглавиле во заливот Филикури, ги спасиле полицајци
-
Дубровник под вода по силното невреме | ВИДЕО
-
Дошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува
-
Маж со пушка си го бранел насадот со пченка од диви свињи
-
Кумановка нападната од синот
-
Кривична пријава за девет лица затекнати во незаконска сеча на дрва
-
Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – предупредување за опасни временски појави
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Мариово, активни вкупно пет пожари