Не и цветаат рози: Ким Кардашијан пред развод
Американските таблоиди тврдат дека можеби најславната двојка во светот е пред развод. Ким Кардашијан и Канје Вест наводно имаат големи проблеми во бракот и Ким веќе ги подготвила документите за развод.
Таквите гласини не се нешто ново кога се работи за нив, но Радар Онлајн наведува дека тоа може да се случи во наредните 2 до 3 недели.
Ким за тоа има низа причини, тврди нивниот избор: Под голем стрес е поради работата и финансиите. Покрај грижата за децата, се и се натрупа. Исто така ретко се гледаат со Канје и постојано се одвоени еден од друг.
Канје наводно ништо не знае за плановите на сопругата, но знаците дека нешто не е во ред во нивната врска веќе се присутни некое време.
-Многу се караат. Имаат многу проблеми, а не само финансиски. Кима има некој вид криза на средните години, не знае каде да оди, наведува изворот.
За два месеци славната двојка треба да ја прослави втората годишнина - но само ако не се остварат црните прогнози на таблоидите.
Ново на Сител
-
Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар
-
Тема на денот со Павле Воскопулос - „Виножито“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски се поблиску до 2/3 мнозинство во собранието
-
Официјална Атина продолжува да предупредува за непочитување на Преспанскиот договор
-
Детектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста, но не го забрза патот до ЕУ
-
Јавен обвинител ќе го истражува хаосот со хирушките сали на Клинички
-
Лицата со дијабетес бараат референтни цени, а не тендери за инсулин и дијабетични помагала