Неисправна водата за пиење во винички Градец и Трстија

Неисправна е водата за пиење во селата Градец и Трстија во општина Виница, покажале анализите на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“.
- Во населените места Градец и Трстија квалитетот на водата не е на задоволително ниво. Анализите покажаа присутво на одредени бактери. Правиме напор со добиените резултати и мерките кои ни се дадени, да ја санираме состојбата и водата да биде исправна за пиење. Во текот на годината се јавуваат периоди кога водата е неисправна за пиење од селските водови како последица на поплави или врнежи, изјави Игор Спасовски, директор на ЈКП „Солидарност“ Виница.
Со набавката на хлоринатори за автоматско хлорирање на водата и сончевите панели за обезбедување електрична енергија, посочи Спасовски, квалитет на водата за пиење е подобрен, но за нејзина стопроцентна исправност треба да се изгради филтер станица за двете населени места.
- Општина Виница во изминатиов период инвестира во изградба на филтер станица во село Крушево. Анализите покажуваат дека сега таму водата е на добро ниво, истакна Спасовски.
Во наредниот период водоводот во село Крушево ќе биде преземен за стопанисување од страна на ЈКП Солидарност и останува уште изградбата на филтер станица во село Трсино за која што се одобрени пари, се очекува да се распише тендер и да се избере понудувач за изградбата. Со тоа, укажа Спасовски, ќе се реши проблемот кој постојано се јавува со квалитетот на водата во село Трсино.
Ново на Сител
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
