Нелоски: Поголем развој на туризмот во Македонија
ВМРО-ДПМНЕ во програмата Реално предвидува продолжување и нови проекти кои, како што истакна на денешната прес-конференција Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на партијата, ќе значат поголем развој на туризмот во Македонија.
Нелоски посочи дека Македонија за разлика од минатото, денес е земја која директно се поврзува со сите позначајни европски и светски дестинации, што значи поголема мобилност на граѓаните, стимул на туризмот, економската соработка, но и подобрување на можностите за образование и размена на искуства, особено на младите. Во 2005-та година бројот на вкупно превезени патници од двата аеродрома во Македонија изнесувал 579.913 патници, а во 2016-та година тој изнесува 1.794.376 патници. Тоа, рече тој, е покачување за 309 отсто.
- Македонија во 2005-та година била поврзана со 17 дестинации, денес Македонија е поврзана со 35 европски и светски дестинации. Тоа е повеќе од двојно. Македонија е поврзана со Лондон, Венеција, Малме, Базел, Ајндховен, Дортмунд, Милано, Минхен, Меминген, Стокхолм, Гетеборг, Брисел, Франкфурт, Келн, Париз, Братислава, Осло, Нирнберг, Хамбург, Фридрихшафен, Берлин, Копенхаген и Хановер, како и Загреб, Женева, Прага, Дубаи, Белград, Љубљана, Рим, Истанбул, Виена и Цирих, истакна Нелоски.
Субвенциите за тур-операторите, евтините авиолетови до Македонија, изградбата на модерните плажи, пешачките патеки околу езерата и промоција на земјава како атрактивна туристичка дестинација на светските медиуми се само дел од мерките кои овозможија постојан раст на туризмот во последниве години и зголемување на бројот на странските туристи, а со тоа и бројот на патници кои ги користат авиолиниите од и до Македонија, смета Нелоски.
Во 2006-та година бројот на странски туристи изнесувал 202.357, а во 2016-та бројката на странски туристи е речиси за два и пол пати зголемена, додаде тој, посочувајќи дека инвестициите во авиосообраќајот влијаеле на развојот на туризмот и на зголемување на приливот на средства во државата по овој основ. - Ова е резултат на модернизацијата на двата аеродрома, аеродромот во Скопје Александар Велики и аеродромот во Охрид Свети Апостол Павле како и зголемувањето на финансиската поддршка за воведување нови авиолинии, рече Нелоски на прес-конференцијата.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија
-
Најмалку десетмина загинати во пожарите во Лос Анџелес
-
Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип против двајца соизвршители, определен притвор
-
Без струја дел од корисниците на бул. „Илинден“ во Карпош и во Црниче, Кисела Вода
-
Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути
-
Врховниот суд на САД ќе се изјасни за делото против Трамп „пари за молчење“
-
Официјални лица по грешка испратија предупредување за евакуација на поширокиот округ на Лос Анџелес
-
Зеленски: Сојузниците ветија воена помош за Украина во висина од две милијарди долари