ОН: Нема знаци дека завојуваните страни во Судан се подготвени да преговараат
Се чини дека примирјето во Судан со посредство на САД делумно се одржува, но нема знаци дека завојуваните страни се подготвени сериозно да преговараат, изјави синоќа специјалниот пратеник на ОН за Судан.
Тоа покажува „дека двете страни мислат дека е возможно да се обезбеди воена победа над другиот“, изјави специјалниот пратеник Фолкер Пертес пред Советот за безбедност на ОН. – Тоа е погрешна проценка, додаде тој.
На 15 април избувнаа борби меѓу вооружените сили на Судан (САФ) и паравоените сили за брза поддршка (РСФ). Двете страни се согласија на 72-часовно примирје кое започна во вторникот по преговорите со посредство на САД и Саудиска Арабија.
– Се чини дека досега се одржува во некои делови. Сепак, слушаме и постојани извештаи за борби и движење на војниците, рече Пертес, кој зборуваше преку видео од Порт Судан.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, насилството и хаосот во Судан ги опиша како „срцепарателни“. – Борбата за моќ ја загрозува иднината на Судан и може да предизвика долгогодишно страдање и да го уназади развојот со децении, рече Гутереш.
Обединетите нации преместија стотици вработени и членови на семејства од Картум во Порт Судан. Тие планираат таму да основаат центар за да продолжат да работат во земјата вокоја дури и пред избувнувањето на насилството, на речиси 16 милиони луѓе или третина од населението им беше потребна хуманитарна помош.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија