Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
Нептун Македонија трета година по ред е стратешки партнер на СОС Детско село и со различни активности ја поддржува мисијата на СОС Детско село – ниту едно дете да не расте само.
Минатата година компанијата ја спроведе големата хуманитарна акција „Заокружи сметка“ која е активност на поддршка, со што им се овозможува на потрошувачите на лесен и едноставен начин да помогнат на оние кои им е најпотребно – децата без родителска грижа. Секој купувач имаше можност да ја донира разликата помеѓу износот на сметката и првиот поголем износ. Како благодарност и поддршка, на собраните средства од своите клиенти, компанијата се приклучи со донирање на 430.000 денари во месец февруари, во рамки на кампањата „Месец на љубовта“.
„Како компанија која ја цени и ја негува традицијата, зачувувањето на семејните вредности е од големо значење за нас.
Имаме повеќе од 400 вработени, и семејниот дух, топлината и тимската енергија се присутни во секој наш проект. Оваа донација е дел од континуираната акција на компанијата, резултат на заедничката поддршка и ангажман на нашите клиенти, кои со своите купувања станаа дел од иницијативата за подобро утре. “ - изјави Александра Тасевска, Координатор за корпоративен маркетинг.
Токму преку Хуманитарната акција „Заокружи сметка“ Нептун сака да помогне во зајакнувањето на капацитетите и потенцијалите на згрижувачите и децата, а воедно да постави позитивен пример и мобилизира и други компании во намерата за поттикнување на позитивни општествени промени.
„Како дел од својата долгорочна стратегија за корпоративна одговорност, НЕПТУН редовно спроведува донации и иницијативи со цел да придонесе за подобро општество. Знаејќи колку е тешко да се живее без родители, вложуваме максимални напори да придонесеме кон подобар животот на децата поддржани од СОС Детско село. И, да бидам искрена, пресреќни сме кога гледаме колку значи поддршката од локалната бизнис заедница. " - додава Тасевска.
Радуваат и податоците дека од година во година, потрошувачите покажуваат се поголема солидарност и желба да го „заокружат“ износот на својата сметка, донирајќи за подобра иднина на децата поддржани од СОС Детското село, и заеднички со Нептун Македонија испраќаат силна порака дека не се сами во светот.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид