Незапаметено злосторство: Синот со секира ја убил својата мајка
Утрово околу 10 часот е пронајдено телото на 61-годишната В.С. која најверојатно е убиена со секира.
Осомничениот за ова злосторство е Драган Ш. (39), син на убиената жена и тој е уапсен пред дворот на семејната куќа каде е пронајдено телото. Тој сам и се предал на полицијата.
Како што раскажува неговиот татко Лазо, Драган веќе 10 години е психијатриски пациент кој пие лекови.
-Тој цепеше дрва, а таа собираше покрај него. Дали ја промашил цепаницата па ја удрил неа или таа се занела зошто имаше проблем со колковите и падна на секирата, или тој намерно ја удрил, не знам, вели тој.
Драган не работел па го издржувале родителите. Поранешната сопруга го оставила пред 7 години и тој тешко го поднел тоа. Нивните деца живееле со него.
-Беше негова прва љубов, а го мамеше и затоа често се караа, вели Лазо.
Во моментот на несреќата во куќата спиела ќерката на Драган, ученичка во осмо оддление, додека неговиот син кој одел во прва година средно училиште бил на часовои.
Неговата ќерка не слушнала кога се случило злосторството, се разбудила дури кога дома се вратил нејзиниот дедо и ја нашол мртва сопругата.
Ново на Сител
-
СДСМ предлага минималец од 450 евра, ВМРО-ДПМНЕ најде грешки во пресметката, реагираше и ССМ
-
Единствен регионален пазар – придобивки и предизвици
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот