Николоски: Собранието ме избра за претседател на Националниот Совет за евроинтеграции
Собранието на Република Македонија ме избра за Претседател на Националниот Совет за евроинтеграции, тело кое ги обединува сите клучни фактори во државата во процесот на евроинтеграции и секогаш е предводено од најголемата опозициона партија, објави преку својата Фејсбук страница пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Во насока на искажување на јасната определба за членство во ЕУ и побрз почеток на преговори за членство, во исто време и за зачувување на македонските национални интереси, како и засебноста на македонскиот народ, јазик и култура, од денес почнувам серија средби со амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
Првата ќе биде со Амбасадорот на Полска, а деновиве ќе имам доста интензивни активности во оваа насока за кои благовремено ќе информирам, пишува Николоски во својата објава.
Ново на Сител
-
Литургија по повод 25 години од востоличувањето на г.г Стефан за поглавар на МПЦ-ОА
-
Преглед на вестите од светот
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот