Николов: Состојбата на преживеаните македонски патници е стабилна
Главниот комесар за противпожарна безбедност и заштита на населението во бугарското МВР Николај Николов за Нова ТВ изјави дека состојбата на преживеаните во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ е стабилна. Тие се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските власти се обидуваат од изјави на преживеаните да добијат слика за несреќата што би им помогнало на истражните органи да ги утврдат причините.
Реонот на несреќата е отсечен веќе три часа и никој не може да се доближи до местото на трагедијата, јавуваат бугарските медиуми и нивните екипи.
Во болницата Пирогов веќе пристигнал македонски дипломат од амбасадата во Софија, кој, како што јави Нова ТВ, не можел да го потврди бројот на примени граѓани на Македонија, но според него меѓу загинатите има и еден бугарски државјанин.
Ново на Сител
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар