Николовска: Боки сам не може да изрекетира 500 денари од продавница, а не милиони од бизнисмени
Адвокат и член на Правната комисија при ВМРО-ДПМНЕ, Ружица Николовска го даде своето стручно мислење за денешната пресуда за случајот „Рекет“ во гостувањето во телевизија Телма. Според неа зад случајот се кријат високи структури во власта.
„Ние овде сега имаме една друга ситуација, зборуваме за поголема структура, за октопод, овие лица кои што денеска беа прогласени за виновни и им беа изречени казни се само извршители. Но нарачателот сметам дека е во повисоките структури на власта“, вели Николовска.
Таа не смета дека ниту Катица Јанева, ниту Бојан Јовановски го имаат капацитетот за сами да ја спроведат операцијата „Рекет“.
„Зборуваме за милионски суми јас не верувам дека Боки 13 би можел сам да изрекетира ниту 500 денари во маалска продавница, а камо ли да рекетира бизнисмени за милиони без да има поддршка за сето тоа“, посочи Николовска.
Николовска истакна дека не беа слушнати забелешките на експертите кога се носеше Законот за јавно обвинителство. Таа посочи дека во законот има катастрофални решнија и небулози.
„Jaс морам да ви споменам кога се дискутираше предложениот нов закон за обвинитество, со решенијата што беа предложени како што беа предложени на која присуствував како експерт. Лично сметам дека во новиот закон има многу решенија кои што се катастрофални кои што не соодстветствуваат со нашата состојба. Што енајжално што реагираат и самите обвините. Во законот има многу небулози од начинот на избор на Јавен обвинител до дисциплинските постапки“, појасни Николовска.
Ново на Сител
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
