Николовски: Земјоделците од Сингелиќ и Стајковци добија 46 милиони денари надомест за штетите од поплавите
Околу 46 милиони денари надомест им се исплатени на земјоделците во Сингелиќ и Стајковци за оштетените пластеници и долгогодишни насади од ланските поплави, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Со оваа исплата, истакна Николовски по посетата на Сингелиќ и Стајковци, се опфатени поголемиот дел уништени обработливи површини, врз основа на извештајот за проценка и пресметката на загуба на приход, пресметката на земјоделски растенија, штетата на стакленици и пластеници, како и повеќегодишни насади од поплавите.
- Од информациите со кои располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во завршна фаза се и уште мал број предмети на кои им недостасувале одредени документи и записници за проценката да се комплетира, а средствата да се исплатат. Неправилностите се поправени и веднаш штом се заврши со проценките во најскоро време во текот на овој месец и останатите земјоделци кои претрпеа штети ќе добијат пари за обесштетување, најави Николовски.
Со ова, дополни министерот, се заокружува исплатата за сите земјоделски површини кои претрпеа огромни материјални штети, но и ветеното дека во првите 100 дена реформската Влада навреме ќе ги исплаќа обврските на државата.
Поплавите што го зафатија Скопско се случија на 6 август минатата година. Штети претрпеа преку 5.000 домаќинства во селото Сингелиќ, а оштетени беа над 600 хектари обработливо земјоделско земјиште.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник