Нов напад од грчката анархистичка група „Рубикон“, двајца приведени
Со бои, флаери и предмети, околу 10 членови на анархистичката група „Рубикон“, ја нападнаа зградата на општина Алимос во јужниот дел на Атина.
Според грчките медиуми, во нападот што бил околу шест часот утрово приведени се две лица, а причинета е материјална штета на објектот.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, преку соопштение на анархистички сајт, од „Рубикон“, детално и опширно објаснуваат дека причината за нападот било тоа што на 16 ноември, возач на општинската комунална служба го загубил животот додека бил на неговото работно место под неразјаснети околности, но и дека „во изминатите три години речиси 50 вработени во општините го загубија животот, а околу 150 беа повредени, многу од нив сериозно, а причините се јасни“.
-Денешната активност е во рамки на првиот светски ден на акција во кој учествуваме заедно со други анархистички и автономни групи од 15 земји во над 60 градови од целиот свет, велат од „Рубикон“ на крајот од соопштението.
Како што е веќе пракса за нив, заедно со соопштението, на анархистичкиот сајт објавија и видео од нападот на општинската зграда.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?