Нова телефонска линија на МЗ за директен контакт со граѓаните

Министерството за здравство воведе нова телефонска линија за директна комуникација на граѓаните со ресорниот министер Арбен Таравари преку мобилните апликации viber и whatsapp.
Почнувајќи од денеска функционира и телефонската линија 071/349-999 на која граѓаните преку електронска порака може да се обратат до министерот со идеја, предлог, пофалба или пак за одредени неправилности, обиди за корупција и нерегуларности со кои се соочиле во функционирањето на здравствениот систем.
- Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги слушнам мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем и заеднички да ја смениме перцепцијата за нашето здравство, се вели во писмената изјава на министерот Таравари.
Министерството за здравство потсетува дека комуникацијата со министерот Таравари ќе се одвива единствено со електронски пораки преку viber и whatsapp кои може да ги испрати секој граѓанин на телефонскиот број 071/349-999.
Ново на Сител
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
-

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
