-->
-->
Нова временска прогноза
-->
Сахарската прашина и песок како и високата влажност во воздухот условуваат биометеоролошките услови кај нас да бидат значително неповолни и сето ова придонесува граѓаните да имаат многу мачнини, вели метеорологот Славчо Попоски, додавајќи дека поради ваквата ситуација кај поголемиот број од граѓаните ќе се јави мачнина како и поспаност, можна е појава на главоболка како и повремена нервоза, но и тежина на телото и главата.Температурите во моментов се повисоки од нормалните дури и за околу десет степени, а во текот на следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, исто така и понатаму од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и на песок а поради понатамошната висока влажност во воздухот времето ќе биде доста спарно и мачно, односно температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.
Ноќва, особено кон утринските часови, како и утре, ќе има повремен локален дожд а има услови и за ретка појава на грмежи, услови за снег ќе има само на највисоките планински места.
Ваквата ситуација ќе услови и понатаму нивоата на реките и на езерата да се зголемуваат и тоа поради брзото топење на снежната покривка.
Во среда под влијание на северно воздушно струење ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер а ќе има и повремени врнежи на повеќе места, врнежите ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините, снежната граница ќе се наоѓа на надморска височина од 1200, 1300 метри, иако истата има услови да се спушти и околу па и под 1000 метри и тоа особено во среда кон крајот на денот и вечерта, вели Попоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
-

10 месеци затвор за вработената во Земјоделие која призна вина за злоупотреби со ИПАРД
-

Кривични пријави за родителите на насилничките од Ѓорче Петров - уште еден инцидент меѓу малолетници во градскиот парк
-

Притвор и кривична за обезбедувачот на премиерот Мицкоски кој физички ја нападна сопругата
-

Град Скопје бара да се пломбира фирмата во Визбегово каде вчера се запали машината за железо
