Нови 30 дена притвор за Зоран Божиновски

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 - Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за обвинетиот З.Б., донел решение со кое го прифатил предлогот на обвинителството и ја продолжи мерката притвор за 30 дена, информираат од Кривичниот суд.
- Обвинителството за организиран криминал и корупција со предлогот за продолжување на мерката притвор поднесе и обвинителен акт против истото лице заради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст.2, Шпионажа од член 316 ст.3 в.в со чл.45 и Уцена од член 259 ст.2 в.в со ст.1 в.в со чл.19 од КЗ, кој согласно одредбите од стариот Закон за кривична постапка, по кој се води овој предмет, ќе биде распореден кај судија за понатамошно постапување, за што јавноста ќе биде навреме информирана, се наведува во денешното соопштение од Судот.
За овие кривични дела З.Б. беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Република Србија во Република Македонија на 21 април годинава.
Ново на Сител
-

Македонска делегација на комеморација за Холокаустот на македонските Евреи
-

Партиите за предлогот Савески да е државен обвинител
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Телеком со нова понуда за корисниците – Неограничен интернет и роаминг во повеќе земји
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Цените на нафтата паднаа, Владата нема да прогласи кризна состојба
-

Мицкоски ќе побара од маркетите да не ги зголемуваат цените на производите
