Нови шестмина заболени и исто толку излекувани од коронавирусот во Косово
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека вчера се потврдени нови шест случаи кои, од извршените испитувања во текот на денот, резултирале позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 132, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според синоќешното соопштение на ИШПК, во текот на денот се тестирани примероците на 105 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот, а вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчера изнесува 1.605.
Сите нови случаи, според Инситутот, се заразени од контакти со лица, кај кои претходно е потврдено присуството на вирусот. Петмина од нив се од општина Пеќ, а во еден случај станува збор за лице кое било сместено во карантин во Приштина откако допатувало од странство и кај кого симптомите се појавиле седмиот ден од карантинот.
Како излечени денеска се потврдении шест нови случаи кај кои претходно било потврдено присуство на Ковид-19, со што вкупната бројка на лица кои од појавата на првите заразени, на 13 март, се излекувани достигна до 16. Во истиот период е забележан и еден смртен случај како последица на епидемијата, 82-годишен маж кој страдал и од други хронични болести.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите