-->
-->
Обезбедени два милиони денари за Охридскиот пливачки маратон од Општинскиот буџет
-->
Советот на Општина Охрид на денешната седница донесе одлука за пренамена на два милиони денари за организација на годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон.
Со мнозинство гласови советниците ги усвоија предлог-програмата за измени на програмата за спорт и рекреација за 2022 година и предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2022 година.
– Согласно најавите и подготвениот план, Општина Охрид ги започна кординативните активности околу организацијата на оваа значајна спортска манифестација. Веќе е формиран е организациски одбор, кој работи на подготовка на програмата и обезбедување на потребната логистика, информира општинската прес-служба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина
-
На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети
-
Поевтинуваат горивата
-
65-годишник украл скутер во Тетово
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар