Свет
5. August 2018 - 9:24

Обид за атентат со дрон во Венецуела - во близина на претседателот Мадуро експлодира леталото за време на говорот на воената парада

 Претседателот на Венецуела Николас Мадуро преживеа напад со дронови за време на свој говор. Инцидентот се случи за време на негово обраќање на воен собир во Каракас, кога експлодирале два дрона што носеле експлозив. Притоа, повредени се седум војници.
 
Мадуро изјави дека го преживеал нападот „благодарение на Бога, народот и армијата“ и ја обвини Колумбија и американската држава Флорида каде живеат голем број жители од Венецуела во егзил за „десничарскиот заговор да го убијат“.
 
Во телевизоско обраќање неколку часа по нападот тој нагласи дека тоа било обид за атентат и оти се укажува на заговор на десничари од соседна Колумбија, што според него е резултат од прелиминарната истрага.
 
Тој изјави дека неколку организатори се уапсени, но не откри детали. Одговорност за нападот презеде малку позанатата група Национално движење на војници.