Објавен Меѓународниот студенски конкурс за плакат

Здружението на графички дизајнери од Македонија - Плакарт, кое годинава одбележува 10 години од постоењето, го објави годинашниот конкурс за избор на студенски плакат на тема „Вештачка интелигенција и реалноста“.
- На годинашниот конкурс студентите од Македонија ќе можат да се натпреваруваат со своите колеги од целиот свет на темата, која како и секоја година привлекува посебно внимание во глобални размери. Ова е горлива тема за бизнис елитите и политичките лидери, воедно претставувајќи глобално прашање кое ги засега и развиените, но и земјите во развој и неразвиените земји, наведуваат од Плакарт.
Крајниот рок за доставување на плакатите е 30 октомври, а фазата на жирирање ќе се одвива во три селекции - прелиминарна онлајн фаза, главна онлајн фаза и жири сесии во живо во Скопје пред отворањето на фестивалот.
Првонаградените ќе добијат можност да ги изложат своите дела во рамки на 11. Скопје постер фестивал во 2018 година, а дополнително ќе добијат екслузивен пристап и учество во работата на жирито во текот на 11. СПФ и во сите програмски настани.
Повеќе за темата, условите за учество и наградите може да се најде на линкот: https://skopjeposter.com/mk/
Организаторите најавуваат дека меѓународното жири од дизајнери, едукатори и креативци надополнето со македонски дизајнери ќе биде објавено кон крајот на април или почетокот на мај.
Дизајнот на плакатот за овогодинашниот конкурс и фестивал го изработи Мишел Буве, организатор на најголемиот фестивал за графички дизајн во Франција „Fete Du Graphisme“.
Ново на Сител
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
-

Тема на денот со Александар Камбовски, претседател на Судски совет
-

Алиу со работна група се вклучува во случајот со извоз на мозочно ткиво во САД
-

Судски истражува предмети кои ги работел судијата Ристов
-

За еден ден 58 одземени дозволи
-

Камионџиите можеби ќе бидат изземени од новиот електронски систем за влез и излез од ЕУ
-

По завршување на огласот Владата ја продолжува постапката за избор на државен јавен обвинител
-

ЕУ ја пролонгира примената на EES системот до септември
