Обвинителството активно постапува во предметот за поранешната директорка на ЈЗУ УКД
Основното јавно обвинителство Скопје продолжува активно да постапува во предметот со поранешната директорка на ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија – Скопје, се вели во соопштението на Јавното обвинителство
Од Основното јавно обвинителство Скопје, известуват дека на 19 март од страна на СВР Скопје беше поднесено писмено известување кое се однесува на поранешната директорка на ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија – Скопје, а во поглед на предавањето кое таа го одржала пред поголема група доктори.
Кон тоа известување, како што објаснуваат од скопското обвинителство не беше приложена целата потребна документација, туку само писмена кои се однесуваат на тоа кога лекарката се вратила во земјава од Италија и кога и била констатирана здравствената состојба на Клиниката за инфективни болести.
-Заради комплетирање на потребната документација, веднаш следниот ден, на 20 март, надлежниот јавен обвинител достави наредба до СВР Скопје, како подносител на известувањето, како и барање за доставување податоци до Министерството за здравство. Од нив се бара да се приложат сите релевантни писмена во смисла на тоа кој ден поранешната директорка го држела предавањето, список на лица-учесници на тој семинар, дали и кои од тие лица биле заразени со коронавирусот и да се приложи писмена медицинска документација за инфицираноста, како на поранешната директорка, така и на учесниците на семинарот на кои таа им предавала, велат од обвинителство.
По поднесената наредба и барање се уште не е постапено. По доставувањето на релевантната писмена документација, доколку има потреба обвинителството ќе преземе и други истражни дејствија, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука.
Ново на Сител
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот
-
Уапсен 36-годишник од Радовиш, се обидел да изврши тешка кражба
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори
-
На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам
-
Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана