Од 1 мај влез во Грција без сертификати
Од 1 мај Грција привремено го укинува задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека надлежната Комисија на епидемиолози на денешниот состанок препорачала „суспензија на Covid pass од 1 мај и враќање на исполнетоста на објектите на 100 отсто од капацитетот, суспензија на сертификатото од EUDCC на влезните точки во земјата“, а останатите одлуки се однесуваат на тестовите за невакцинираните вработени.
Сите препораки на комисијата биле прифатени од Владата, а од Министерството за здравство на Грција додаваат дека деталите ќе бидат разјаснети во новата министерска одлука што ќе биде објвена во Службен весник на Грција.
Последната вакава одлука е во сила до 1 мај во шест часот наутро.
Пред две седмици, министерот за здравство на Грција Танос Плеврис соопшти дека од 1 мај до 31 август привремено се укинува задолжителниот сертификат за влез во речиси сите затворени објекти во земјата.
Во пракса, ова значи дека од недела се укинуваат сите Ковид рестрикции во Грција со исклучок на маската, која и понатаму е задолжителна во затворените простори.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина