Од март 2012 година во Кочани нема инспектор за заштита од пожари на Дирекцијата за заштита и спасување

Во Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Кочани уште од 2012 година не е пополнето работното место за инспектор за заштита од пожари, откако претходниот заминал во пензија во март истата година.
Според официјално достапните податоци од Дирекцијата, испразнети се половина од предвидените работни места за инспектори во државата, односно во моментов ангажирани се само петнаесетина, од кои најголем дел во Скопје.
Пред да преминат во ДЗС, инспекторите за заштита од пожари и елементарни непогоди биле под надлежност на Министерството за внатрешни работи и во тој период биле вработени вкупно 63 во сите општини. Од нив во Дирекцијата биле префрлени 35 и бројот постепено се намалувал, главно поради заминување во пензија, а испразнетите работни места не биле пополнувани.
-Трагичниот пожар во дискотеката во Кочани е потврда дека проблемот со превенцијата и заштитата е долгогодишен, а системот нефункционален. Недостигот од соодветен инспектор можеби не е клучен за да се спречи несреќата, но веројатно можел да има влијание во превентивата. Сметам дека недостига и најосновна едукација и запознавање на населението со причините и начинот на заштита и дејствување при пожар, истакна Златко Илијев, претседател на Доброволното противпожарно друштво од Кочани.
Стручните лица за заштита од пожари и други елементарни непогоди бараат Владата да ги обезбеди потребните средства за да се пополнат предвидените инспекторски места. Исто така, во наредниот период на ниво на држава да се организира соодветна едукација за најмладите од предучилишна до средношколска возраст за превенција и заштита од пожари.
Ново на Сител
-

Четврти ден продолжува гаснењето на големиот пожар во Грција
-

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија
-

Илјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари
-

Трамп најави нови разговори со Иран за денеска
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
-

Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
