Од мит до вистина: Дали „крокодилските солзи” навистина постојат?

Национална географија – Вашингтон
Синтагмата „крокодилски солзи” главно ја користиме како синоним за лажни солзи, а дали овие солзи се вистински, откриваат научниците.
Да, научните студии покажуваат дека крокодилите и нивните роднини навистина леат солзи, но научниците се уште не се сигурни зошто.
Древните анегдоти за плачењето на крокодилите креираа врежано мислење дека крокодилските солзи се синоним за лажни солзи.
Меѓутоа, неверојатно е дека крокодилите и нивните роднини доживуваат лажна, погрешна тага, изјави членот на студискиот тим Кент Влиет од Универзитетот на Флорида.
– Од мое искуство, кога крокодилот ќе стави нешто во уста, тој тоа навистина и го мисли, вели Влиет, кој неодамна го потврди плачењето кај алигаторите и кајманите, блиски роднини на крокодилите.
Солзите можеби наместо функциите слични на плунката кај луѓето, помагаат животните да ја сварат својата храна, вели Влиет.
Лакрималните жлезди кај крокодилите се поврзани со нивните синуси и една од идеите е дека солзите произведени во окото се празнат во синусите и се спуштаат во грлото.
– Стара идеја е дека тие можеби помагаат храната која ја голтаат да омекне, а плачењето кое го гледаме е поради хиперпродукција на солзи, вели Влиет.
Уште една можност е дека солзите можеби се резултат на звуците на животните и фалбаџиство додека јадат. Воздухот од синусите можеби ги насочува солзите да излегуваат од очите на животното.
Ново на Сител
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
-

Спасувачка акција во морскиот дел кај грчкиот остров Икарија за четворица исчезнати мигранти
-

ЕП: Почитувањето на демократијата, владеењето на правото и дијалогот се од суштинско значење за европската иднина на Србија
-

„Ер Франс“ привремено ги откажа летовите до Дубаи поради ситуацијата на Блискиот Исток
-

Божиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката
-

МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“
-

Уставниот суд поведе постапка за забраната на извршување врз предмети и права на државни органи
