Македонија
29. March 2016 - 11:28

Одложена седницата на Националниот совет за евроинтеграции

Седницата на Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) која беше закажана за денеска е одложена поради немање кворум.

Како што изјави претседателката на НСЕИ Лидија Димова, причина за тоа е што во исто време била закажана и седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Нов термин за седницата на НСЕИ ќе биде дополнително закажан, рече Димова.