Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина
По речиси 14 месеци реконструкција, мостот на реката Вардар (Аксиос) во Грција на автопатот Атина-Солун денеска беше пуштен во употреба, со што ќе се нормализира сообраќајот кај патарината Малгара кусо пред влезот во Солун.
Станува збор за мост што е дел од автопатот во правец кон Солун од Атина и кусо пред влезот во градот, но и онаму каде што се дели патот во правец кон граничниот премин Евзони (Богородица) со нашата земја.
Во периодот од над една година додека траеше реконструкцијата на мостот возилата се пренасочуваа, а доста често, особено во летниот период, имаше редици, со оглед на тоа што овој дел од автопатот го користат и туристите кои се враќаат од областа Пиерија и летните дестинации кај Катерини, односно Неи Пори, Паралија, Платамона и сл.
Министерот за инфраструктура и транспорт на Грција Христос Димас рече дека работите во изминатата година главно се однесуваа на зајакнувањето на структурната издржливост на мостот, а „со функционирањето на мостот на Аксиос се воспоставува непречен сообраќај на возила кон Солун“.
Со пуштањето во употреба на мостот, ќе работи и патарината Малгара во правец од Атина кон Солун, а цената е 90 центи.
Ново на Сител
-
Приведен насилникот кој тепаше бремена жена во живо на „ТикТок“
-
НБА: Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл
-
Сопствениците на ПСЖ ќе купат шпански клуб
-
Кејн: Фудбалерите немаат збор за одредување на календарот, но никогаш нема да одбијат да играат за трофеи
-
Лилард надвор од терените на неодредено време
-
Бразил повторно му ја нуди селекторската позиција на Анчелоти
-
Навивачи на Ливерпул бараат Александар-Арнолд да не игра до крајот на сезоната
-
Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата