Одреден 30 дневен притвор за таткото на Коста Кецмановиќ
Вишиот суд во Белград на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар на училиштето „Владислав Рибникар“ му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, притворот му е одреден поради „постоење на посебни околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што за кривичното дело што му се става на товар е предвидена казна затвор над десет години, а начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност на јавноста која може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“.
Од Вишото јавно обвинителство во Белград претходно соопштија дека денеска е сослушан таткото на момчето и дека ќе му предложат притвор.
Обвинителството соопшти дека таткото е обвинет за тешки кривични дела против општата безбедност и изјави дека на рочиштето негирал дека го сторил делото и дека детално ја изнел својата одбрана.
-Постои сомневање дека синот го обучувал за ракување со огнено оружје и муниција така што го однел во стрелачки клуб да вежба гаѓање цел со огнено оружје и покрај тоа што детето има 13 години и таквата активност и обука очигледно не се соодветни за неговата животна возраст“, изјавија од обвинитеството.
Осомничениот, како што се товари, „не обезбедил услови за безбедно сместување и чување оружје и муниција за да не можат да дојдат во сопственост на неовластени лица, односно да се заклучени и посебно одделени во сефови, каси или слични ормари што не може лесно да се отвори“.
-Се сомнева дека поради ваквите негови дејствија на 3 мај неговиот син успеал да дојде во посед на пиштолите „ЦЗ сенка“ и „Ругер МК“ за кои таткото има дозволи од надлежен орган, а кои се наоѓале во неправилно обезбеден метален сеф во плакар во холот на станот, се вели во соопштението.
Вишото јавно обвинителство соопшти дека детето со себе однело оружје и муниција во училиштето кое го посетува, каде, како што наведе, испукало поголем број истрели и ги одзело животите на обезбедувањето и осум ученици, а тешко ранил шест ученици и наставник.
-Обвинителството ќе му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград да му одреди притвор на осомничениот за да не влијае врз сведоците, за да не го повтори кривичното дело во краток временски период и поради вознемиреност на јавноста, се вели во соопштението.
Вишото јавно обвинителство потсети дека детето не одговара кривично според важечките прописи, бидејќи не наполнило 14 години и дека е сместено на опсервација во соодветна психијатриска установа за деца и младинци.
Ново на Сител
-
Продолжи судењето за убиствата на Вања и Панче, сведокот Гоце Трајковски се уште недостапен
-
Дел од Општина Ѓорче Петров без вода
-
30-дена притвор за Раде Штекли и уште девет лица
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка