Официјално: АТП со важна промена во системот за рангирање
Машката тениска асоцијација (АТП) објави важна промена во системот на рангирање со оглед на тешкотиите што ги имаше во спроведувањето на професионалниот тенис во 2020 година досега.
Системот за рангирање сега ќе опфаќа период од 22 месеци, наместо 1 година, како што беше порано. Бодовите на играчите ќе бидат пресметани врз основа на нивните 18 најдобри резултати помеѓу март 2019 и декември 2020 година.
Вака ќе се избегнат казни за играчи кои не се во можност или не сакаат да учествуваат на преостанатите турнири до крајот на сезоната, кои продолжуваат на 14 август во Вашингтон.
Се прецизира дека еден играч не може да го користи својот резултат од истиот турнир двапати. На пример, со учество на Мастерсот во Мадрид во 2019 и 2020 година, за пласман ќе се земе само подобриот од двата пласмана.
Овие се привремени промени и АТП посочува дека планираат да се вратат во едногодишниот систем, кога ситуацијата со КОВИД-19 во 2021 година тоа ќе го дозволи.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница