Оксфорд паузира со аплицирање вакцини развиени со Астра Зенека врз деца и тинејџери
Универзитетот во Оксфорд престана да им аплицира на деца и тинејџери вакцина развиена со Астра Зенека како дел од студија, во очекување на повеќе информации за случаи на згрутчување на крвта пријавени по вакцинирањето, објави Волстрит џурнал.
ЕМА истражува 44 извештаи за исклучително ретки случаи на згрутчување во мозокот, познато како тромбоза на церебрален венски синус (CVST) и се очекува да ги објави своите наоди в среда или четврток.
Претставник на ЕМА претходно изјави дека постои јасна „врска“ помеѓу вакцината на британско-шведската компанија и ЦВСТ, но дека вистинската причина се уште не е позната.
Оксфорд ќе почека за дополнителни информации од регулаторот за лекови во Велика Британија пред да продолжи да им дава вакцина на деца и тинејџери како дел од истражувањето, изјави портпаролот на универзитетот за Волстрит џурнал.
Ново на Сител
-
Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Одбраната на Мерко - застареност на кривичното гонење
-
Фрчкоски сам ќе се повлече од амбасадорската функција, со документи ги негира обвинувањата од МНР
-
И Грците не планираат, но не исклучуваат средба Мицотакис - Мицкоски на НАТО самитот во Вашингтон
-
Струмичанецот каснат од пајак “Црна вдовица” закрепнува на Токсикологија
-
Кумановец едвај се спаси, со часови тонел во жива кал крај Пчиња
-
За некористените и скапи акцелератори, Таравари ќе побара помош и од обвинителство