Омбудсманот апелира за спроведување фер и демократски избори
Народниот правобранител во пресрет на претседателските избори и предвремените избори за градоначалници на оштините Охрид, Дебар и Ново Село во пишано соопштение упатува апел до институциите и сите други за обврската и одговорноста од создавање на реални услови за овозможување, почитување и остварување на избирачкото право на граѓаните, како и правилата за фер и демократски избори.
-Секој има право да се изјасни за својата опција без притоа да трпи никакви последици. Граѓаните се тие кои одлучуваат. Никој не смее во нивно име, преку разни форми на притисоци, уцени и закани да одлучува. Граѓаните не смеат да молчат, напротив мора да бидат активни, затоа што со навремено пријавување на неправилности од кој било вид го штитат нивното право, а истовремено придонесуваат за демократичноста на изборниот процес во целина, се наведува во соопштението.
Народниот правобранител, посебен апел упатува до сите што се на раководни позиции во институциите и до други лица во јавната администрација, да не се осмелат на каков било начин да вршат заплашување и притисоци врз вработените, и да се однесуваат одговорно. Во спротивно таквото однесување е недозволиво и подлежи на кривична одговорност. Во оваа насока, Народниот праворанител ги охрабрува сите вработените во админстрацијата и сите други лица, без двоумење и страв сознанијата за таквите дејствија треба да ги пријават до надлежните институции и до Народниот правобранител, кој без исклучок ќе ја гарантира тајноста на податоците.
Ова, како што велат од канцеларијата на Народниот правобранител, се однесува и за сите други работодавачи кои, меѓу другото, на денот на изборите на своите вработени треба да им определат работно време кое ќе им овозможи непречено остварување на правото на глас, без користење закани и други форми на условувања.
Во пресрет на кампањата, Народниот правобранител упатува апел до сите чинители во изборниот процес, па и до родителите за неопходната потреба да ги заштитат децата и да не ги инволвираат во политички и изборните кампањи, со цел почитување на принципот на најдобриот интерес на детето.
Истовремено, Омбудсманот потсетува дека медиумите имаат клучна улога во заштитата на избирачкото право. Оттука, од особена важност е начинот на кој тие ги пренесуваат информациите. Затоа потребно е објективно, избалансирано и доследно информирање, и придржување кон етичкиот кодекс за информирање.
-Ако слободните избори со тајно гласање се столбот на демократијата, тогаш обврска на сите чинители во општеството е да обезбедат реални услови за слободни и фер избори, се истакнува во соопштението од Народниот правобранител.
Ново на Сител
-
Вреди задоволни што сработиле во првите 100 дена во Владата на Мицкоски
-
Анкета на Мкд.мк: Рејтингот на власта расте, но корупцијата се уште е најголем проблем
-
Лани околу 9000 пациенти во Македонија починале од кардиоваскуларни заболувања
-
Околу два милиони денари од хуманитарниот пикник на Алкалоид за СОС Детско село
-
Непалците ја користат нашата држава како попатна станица кон Европа
-
Од 30-ти септември до 2-ри октомври „Денови на модата“ во Штип
-
Израел се подготвува за инвазија во Либан
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители