Опожарени три контејнера во Карпош
Во текот на изминатиот викенд, од страна на непознати сторители беа опожарени три сада наменети за одлагање комунален отпад на улицата Јуриј Гагарин во скопската општина Карпош.
Станува збор за пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри, од коишто едниот е сосема уништен и неупотреблив, додека останатите два сада претрпеле значителни оштетувања од пожарот.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на микролокацијата и го заменија комплетно опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот, додека останатите два контејнера се сервисирани.
ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира граѓаните внимателно да ракуваат сосадовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Секое оштетување на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје.
Ново на Сител
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот