Општина Аеродром ќе донира средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија
Општина Аеродром ќе донира парични средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата Фејсбук страна информираше дека во среда, на редовната седница на Советот на Општина Аеродром, ќе биде донесена одлуката со која ќе се обезбедат потребните средства за помош на погодените од земјотресот во Турција и Сирија.
„На моја иницијатива, а во координација со Претседателот на советот Дејан Митески, во среда ќе се одржи седница на Советот на Општина Аеродром на која ќе биде донесена одлука за обезбедување средства од буџетот на општината. Средствата ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша Муцунски на Фејсбук.
Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот Муцунски исто така оствари и телефонски разговор со амбасадорот на Турција во Македонија, при што упати длабоко сочувство до турскиот народ и посака што поскоро животот во погодените градови да се врати во нормала. Во рамки на телефонскиот разговор, Муцунски ја истакна подготвеноста на општината Аеродром за поддршка и помош во следниот период.
Ново на Сител
-
Фатени двајца бегалци од КПУ Идризово, ќе бидат вратени во затворот
-
Билјана Ангелова од Економскиот институт е нов ректор на УКИМ
-
СПМ: СДСМ е најголемата пречка за интензивирање на евроитегративниот процес
-
Села го пречека Абдуљфета Алими кој по шест години излезе од затвор
-
Судскиот совет ќе распише нов оглас за судии за пополнување испразнети места во судовите низ државава
-
Негативен природен прираст во првиот квартал од 2023 година
-
Меџити: Најдобри сме во регионот во обезбедување терапија за мултипла склероза
-
Трипуновски: Млад кромид и пиперка со пестициди се пуштени во промет, граѓаните јадат небезбедна храна