Општина Илинден го одбележа патрониот празник
Општина Илинден на свечен начин го одбележа патрониот празник Илинден – 2-ри Август.
Како што соопшти општината, централната манифестација од одбележувањето на Денот на Општината се одржа во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено“, пред Домот на култура „Илинден“, каде голем број граѓани уживаа во преработките на старите македонски песни „Слушам кај шумат шумите“, „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам бабо“.
На почетокот на свеченоста на присутните им се обрати градоначалникот Жика Стојановски, кој најави многу нови проекти во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Илинден.
Во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“ пред почетокот на манифестацијата се одржа и свечена седница на Советот на Општина Илинден.
Од општината информираат дека годинава се одржа и традиционалниот спортски викенд „Илинден 2019“, на кој учествуваа над 700 спортисти, кои се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини: велосипедизам, шах, атлетика-трчање, баскет, тенис и фудбал.
Како вовед во професионалната трка се одржа велосипедска трка за рекреативци во должина од пет километри, на која учествуваа голем број граѓани од сите возрасти.
На натпреварите во атлетика-трчање, како што соопшти општината, настапија околу 300 ученици и младинци во трките на 50, 150, 300, 600, 800 и 1500 метри, кои се одржаа на пешачко-велосипедската патека Марино-Кадино.
На турнирот во шах што се реализираше во соработка со Шаховската федерација на Македонија учествуваа 35 шахисти. На тенискиот турнир настапија 16 тенисери, додека на натпреварите во баскет во Спортскиот центар „Марино“ учествуваа осум екипи.
Во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2019“ на фудбалското игралиште во Марино се одигра фудбалски натпревар меѓу екипите на новиот второлигаш Кадино и Пелистер од Битола.
Покровителот на оваа традиционална манифестација, градоначалникот Стојановски, на најдобрите екипи и поединци им додели соодветни награди, маици, пехари и медали, се наведува во соопштението од општината.
Дел од одбележувањето на патрониот празник беше и традиционалната крводарителска акција во која учествуваа 45 крводарители, како и отворањето на изложба на Снежана Колевска.
Ново на Сител
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс