Орбан бара санкциите за Русија да бидат укинати до крајот на годината
Унгарскиот премиер Виктор Орбан бара укинување на санкциите на ЕУ воведени против Русија поради нејзината војна против Украина, најдоцна до крајот на годината, пренесе ДПА.
Според провладиниот весник „Маѓар Немзет“, тој изјавил дека казнените мерки насочени кон Москва биле „наметнати на Европејците од бриселските бирократи“.
Во говор на состанок на пратеничката група на владејачката партија Фидес во одморалиштето Балатоналмади на езерото Балатон Орбан рече дека „санкциите предизвикуваат економски проблеми, енергетска криза и инфлација“.
ДПА потсетува дека Орбан одржува добри односи со рускиот претседател Владимир Путин. Досега тој ги поддржуваше санкциите на ЕУ кон Русија. Во исто време, тој можеше да преговара за ослободување на неговата земја од ембаргото за нафта.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
-
Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
-
Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
-
Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
-
Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
-
Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
-
Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот