Оскар: 81 кандидат во категоријата најдобар странски филм
Осумдесет и една земја ги кандидираа своите остварувања за најдобар странски филм на 88. доделување на Оскарот, објави американската Академија за филмска уметност и наука.
Списокот на земјите кои ги кандидираа своите филмови ги вклучуваат и претходните повеќекратни добитници како Франција, Италија и Шпанија, но и оние кои се појавуваат првпат како што е Парагвај.
Политичкиот трилер „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков е избран за македонски кандидат на 88-то издание за наградата Оскар, на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука за филмови од неанглиско говорно подрачје. Филмот бил единствен пријавен и бил избран едногласно, соопшти Дрштвото на филмски работници.
Во „Медена ноќ“ Никола Ристановски глуми функционер кој дознава дека луѓето околу него биле уапсени, а приказната се преплетува меѓу политичката тензија и личните брачни проблеми со неговата сопруга.
Хрватското здружение на филмски работници за хрватски претставник за наградата Оскар го одбра филмот „Звиздан‟ на Далибор Матаниќ, хрватско-српско-словенечко-црногорска копродукција, филмот „Ти мене ме носиш‟, создаден според сценарио и во режија на Ивона Јука е црногорски кандидат, а босанскохерцеговски адут е „Наша свакодневна прича‟ на Инес Тановиќ, во копродукција на БиХ, Хрватска и Словенија.
Осумдесет и осмата церемонија на доделување на Оскар ќе биде одржана на 28 фебруари идната година, а номинациите ќе бидат објавени на 14 јануари.
Минатата година за најдобар странски филм наградата ја доби „Ида‟ на Полјакот Павел Павликовски.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња