Османи денеска во Берлин, утре во Софија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска, ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе има средба со државната министерка надлежна за Европа, Ана Лирман.
Османи во германскиот Бундестаг ќе се сретне со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања. Агендата на министерот Османи предвидува и средби со советниците на германскиот Канцелар Олаф Шолц – Јенс Плотнер, за надворешна политика, и Ундине Руге, за ЕУ прашања.
Целта на посетата е да се реафирмира германската позиција во однос на нашето европско досие и поддршката во однос на итната потреба од деблокирање на пристапниот процес со ЕУ. Се очекува на средбите да бидат разменети мислења и за регионалната динамика, како и за безбедносната состојба на европскиот континент, во светло на новите геополитички предизвици, соопшти МНР.
Од Берлин, министерот Османи утре ќе отпатува за Софија.
Ново на Сител
-

Зеленски: САД сигнализираат продолжување на мировните преговори
-

Израел и Иран ги засилија меѓусебните напади врз стратешката инфраструктура во 20-иот ден од војната
-

Трамп: Нема нови американски трупи на Блискиот Исток, војната со Иран е при крај
-

Оман: САД беа „вовлечени“ во војната со Иран и покрај шансата за договор
-

Ердоган: Спиралата на насилство на Блискиот Исток мора итно да запре
-

Хрватските војници евакуирани од Ирак по ескалацијата на конфликтот
-

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром
-

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток и нуди европска помош
