Отфрлено обвинението за убиство против Алек Болдвин, судењето е прекинато
Судијата во Ново Мексико го отфрли обвинението за убиство од небрежност и го запре судењето против актерот Алек Болдвин бидејќи обвинителството, според проценката на судот, прикривало докази за тоа како боевата муниција завршила на филмскиот сет каде што беше убиен снимател.
Адвокатите на Болдвин тврдеа дека полицијата и обвинителите прикриле докази кои би можеле да бидат во корист на актерот.
Клучно прашање во случајот беше како боевата муниција завршила на снимањето, а адвокатите на Болдвин ја доведоа во прашање истрагата и укажаа на грешки направени од државните органи кои го обработувале местото на злосторството.
По оваа судска одлука, обвинителите нема да можат повторно да го обвинат Болдвин.
Алек Болдвин беше обвинет за убиство од небрежност за пукањето на сетот на филмот „Раст“, во кој беше убиен снимателот Халина Хачинс.
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари