Отворен ден на УКИМ

Традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“ насловена „Студирајте на нашиот универзитет!“ ќе се одржи денеска на платото во кампусот на Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, каде ќе бидат сместени штандовите на факултетите.
Манифестација е наменета за средношколците од сите училишта во Република Македонија, но и за оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на сите циклуси на УКИМ.
Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во државата, нејзината долга традиција, мисија и визија.
Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на научната дејност на Универзитетот, монографии, учебници, преводи и научни списанија.
Ново на Сител
-

СДСМ со интерпелација за Славески
-

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија
-

Македонија и Грција со заеднички проект ја зајакнуваат итната медицинска помош
-

Сертификат за вештини стекнати без формално образование
-

Охрид ја проширува културната понуда
-

Преглед на вестите од светот
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
