Македонија
9. April 2016 - 9:24

Отворен ден за средношколци организира ФЕИТ

Отворен ден за сите средношколци од Македонија организира денеска од 10 до 15 часот Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Најавено е обраќање на деканот на ФЕИТ, Миле Станковски и на претседателот на Центарот за нови студенти при Факултетот, Славче Пејоски.

Средношколците ќе се запознаат со можностите и со условите за студирање и лабораториите на факултетот.