Отворен повик за третото издание на „Skopje Light Art District 2020“
Организаторите на третото издание на Фестивалот на светлината „Skopje Light Art District 2020” (SkLAD 2020), што годинава ќе се одржи од 27 до 31 мај, распишаа отворен јавен повик, што ќе трае до 1 март 2020.
Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани автори кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосните инсталации, видео арт технологијата, или пак го користат светлото како главен израз на визуелно и уметничко изразување. За дополнителни информации околу начинот и условите за аплицирање заинтересираните уметници можат да го посетат веб сајтот на фестивалот.
Целта на SkLAD е преку различни светлосни инсталации и перформанси да испрати порака за еколошко одговорни пораки и свест, за помош во заштитата на животната средина и одржувањето на нејзините природни ресурси, со што ќе се потенцираат вредностите кои претставуваат живописен, нераскинлив и повеќе од потребен дел во нашиот град.
Фестивалот на светлината претставува уште една атракција во главниот град, фокусирајќи се на креативната енергија за поврзување на историјата, симболот на градот – стариот Камен мост со убавините на Градскиот парк. Градскиот парк во Скопје, белите дробови на нашиот град, не се само зелена и мирна оаза, туку и уникатно место за уживање за кое треба да се грижиме и на кое треба да бидеме горди, наведуваат организаторите на Фестивалот.
Skopje Light Art District е основан во 2018 година, со цел да се создаде нов културно-општествен настан, кој својот фокус го има на светлосната уметност и светлината како медиум.
Skopje Light Art District 2020 е во организација на ЈУ Универзална Сала – Скопје, а финансиски е поддржан од Град Скопје.
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие