Отворена „Алеја на Украина“ во центарот на Скопје
– Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со амбасадорката на Украина, Лариса Дир, и претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович денеска во центарот на Скопје свечено отворија „Алеја на Украина“ како потсетник на поддршката од граѓаните и Општина Центар за Украина и украинскиот народ.

Градоначалникот Герасимовски истакна дека локацијата на која се отвори „Алејата на Украина“ ќе биде вечен потсетник на поддршката која ја даваат граѓаните и Општина Центар на Украина и украинскиот народ.
– Општина Центар сочувствува со Украина и украинскиот народ. Нашите жители веќе згрижија неколку семејства меѓу кои и мајка со новороденче. Помошта и поддршката се најдрагоценото нешто доколку се даде тогаш кога треба. Општина Центар останува отворена за помош и поддршка на сите семејства и поединци од завојуваните подрачја кои ќе дојдат во Општина Центар, истакна Герасимовски.

Амбасадорката на Украина во земјава,Лариса Дир, се заблагодари на Општина Центар, на македонскиот народ и на патриотското здружение на Украинците, за поддршката којашто ја нарече исклучително важна за Украина.
– Ова е исклучително важна поддршка на нашата држава од страна на македонското општество, особено за време на вооружената агресија на руската федерација против Украина, изјави амбасадорката Дир.
Војната веќе одзема многу животи од нашата држава, додаде амбасадорката, животи на деца, војници, волонтери, цивили.
– Украина продолжува херојски да го брани не само сопствениот територијален интегритет и суверенитет. Украина, украинските војници и обичните луѓе во Украина ги бранат европските и универзалните човечки вредности по цена на сопствениот живот, истакна Дир.

За претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович, отворањето на алејата е огромна чест и задоволство за сите Украинци во земјава.
– Денес ќе ја започнеме алејата којашто го носи името на Украина како симбол на херојство и отпор на земјата која како штит ја брани цела Европа од најголемото расистичко зло. Воедно, алејата ќе стане место кое секогаш ќе потсетува на голема поддршка од страна на Македонија на украинскиот народ во најтешките за него времиња, изјави Урбанович.
Информираше дека „Greening of the planet“ иницира засадување на алеи во Украина во чест на сите поддржувачи на украинскиот народ во војната и, како што рече, еден ден и во Украина ќе биде засадена алеја на Македонија.

На настанот присуствуваше и вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Украина, Крум Ефремов.
По отворање на „Алејата на Украина“ беше претставена и изложба на фотографии кои го прикажуваат уништеното културно наследство на Украина како последица од случувањата во земјата.
Ново на Сител
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци
