Отворена можноста да се забрани движење меѓу регионите во Грција
Министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас и портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, ја оставија отворена можноста да се забрани движење меѓу регионите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Пецас говорејќи за грчката телевизија „Опен“ ги отфрли шпекулациите за воведување целосен карантин во областа Атика, меѓутоа објасни дека движењето меѓу регионите е едно од прашањата што веќе извесен период го разгледуваат и Владата и епидемиолозите.
– Ако биде потребно, една од мерките да биде забрана за движење меѓу регионите, нема да се двоумиме да донесеме таква одлука, доколку тоа ни го препорачаат експертите, рече Пецас.
Министерот за здравство на Грција за телевизијата „Стар“ ја истакна потребата граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи „не може да има по еден полицаец за секој граѓанин“.
Медиумите во Грција споменуваат дека е можно да се забрани движењето од и кон областа Атика за викендите, со оглед на тоа дека поширокиот регион на Атина е во црвената зона, наспроти околните општини кои што се во жолтата зона.
Во црвената зона, затворените се угостителските објекти и кафулињата, додека пак во жолтата функционираат како и до сега.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица