Ози Озборн на 67 години се лекува од зависност од секс
Легендата на британскиот хард рок Ози Озборн објави дека почнал со терапија заради зависноста од секс со надеж дека ќе се смири со сопругата Шерон.
- Последните шест години сум зависник од секс, напиша на неговиот Фејсбук, фронтменот на Блек Сабат.
- Јас сум преплашен кога размислувам што со тоа му направив на моето семејство. Му благодарам на Бога што имам жена која секогаш ме поддржува, додаде 67-годишниот „кум на хеви металот“.
Шерон Озборн, во мај по 34 години брак со Ози, соопшти дека ќе се разведат. Но, двојката е една од најтрајните во светот на рокот, подоцна најави дека ќе се обидат да се помират.
Ози во текот на животот имаше голем број проблеми заради зависноста со алкохол, дрога и апчиња. Зависноста од секс е дополнение на таа листа, пренесува Хина.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите