Пациентот во ГОБ „8 Септември“, кој беше тргнат од респиратор, е во добра здравствена состојба
Триесет и седумгодишниот пациент со Ковид-19, кој вчера беше тргнат од респираторна машина во Градската општа болница „8 Септември“, е во добра здравствена состојба,вели директорот на болницата, Христијан Костов.
Од почетокот на епидемијата, досега, ова е прв пациент од државава, кој поради влошена здравствена состојба 12 дена бил на респиратор, а сега веќе нема потреба од таква асистенција.
– Пациентот сам дише, зборува, свесен е. Веројатно така и ќе продолжи. Ако е во добра состојба уште 24 часа ќе биде преместен од Интензивна нега на Оддел. Пациентот неколку дена прима озонска терапија, има протокол на лекување и му даваат антибиотици и антиинфламаторни лекови, рече д-р Костов.
Посочи дека имаат уште тројца пациенти со Ковид-19, кои се на респираторна машина и на кои им даваат терапија со озон. Засега, додаде д-р Костов, тие не даваат знаци дека може да бидат тргнати од респиратор.
Ново на Сител
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци
-
Канада најави царини за одредени американски производи
-
Бербок: Резултатите од преговорите на Украина и САД би можеле да бидат важна пресвртница за траен мир и безбедност
-
Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип
-
Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан, очекувањата се големи
-
Совет на ЈО: Со вчерашниот оглас на Судски совет не се почитуваат проекциите за 8-та генерации на Академијата за судии и јавни обвинители
-
Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“