Пад на извозот, зголемен увозот - трговскиот дефицит до јули 1,92 милијарди евра
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 4 567.7 милиони евра и бележи пад од 7.7 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 489.9 милиони евра, што е за 0.8 % повеќе во споредба со истиот период лани.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 1 922.3 милиони евра. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2024, изнесува 70.4 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – јули 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори