-->
-->
Палел ѓубре во буриња па предизвикал пожар, приведен прилепчанец
-->
Полицијата вчера го лишила од слобода П.П.(77) од Прилеп поради тоа што предизвикал пожар.
Како што информира денеска МВР, околу 11 часот било пријавено дека настанал пожар на површина од околу 300 метри квадратни во близина на Прилеп, откако претходно П.П. во двор од својата викендица во две метални буриња запалил непотребни предмети и ѓубре, но огнот се проширил наоколу.
Пожарот е локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.
По документирање на настанот, против сторителот ќе следува кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија