Палевски преку Србија и Бугарија заминал за Турција, уапсен е во Баликесир
Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, преку Србија и Бугарија заминал во Турција каде е уапсен врз основа на меѓународната потерница преку Интерпол.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на вонредна прес-конференција ја опиша траекторијата на движење на Палевски.
Како што кажа Спасовски, Палевски со својот адвокат со возило заминал за Србија каде е оставен во хотел. Следниот ден го преземадруго лице од Скопје со џип „ренџ ровер“ и преку граничниот премин Градина влегува во Бугарија. Има транспорт низ територијата на Бугарија и влегува во Турција каде оди во Баликесир.
- Нашите служби од Центарот за меѓународна полициска соработка стапуваат во контакт директно со властите и полицијата и еден нивни оперативен извор кој за кратко време ни врати повратна информација дека лицето се наоѓа во Баликесир и ни кажа за неговите намери дека оттука сака да замине за Истанбул. Се подготвува со такси возач да оди во Истанбул и тука има негово симулирање дека ќе оди и повторно се враќа назад во Баликесир. Денеска попладнево е уапсен од страна на турската полиција додека се движи пешки по еден од автопатите во Баликесир, посочи Спасовски.
Засега нема потврдени сознанија за крајната дестинација на која сакал да оди Палевски.
- Кога ќе дојде тука, ќе се разговара за се. Кога ќе заврши целиот процес на истрагата, ќе ги добиете информациите, рече Спасовски.
Ново на Сител
-

Рубио: Нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за заштита на САД
-

Приведен 46-годишен турски државјанин, во патничко возило превезувал пет лица мигранти
-

Нетанјаху: Војната против Иран нема да трае со години, но ќе потрае „извесно време“
-

Трамп: САД имаат неограничени резерви на оружје, подготвени сме за голема победа
-

Трамп вети одговор на нападот врз американската амбасада во Ријад
-

Поранешен шеф на ЦИА, Џон Бренан: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка
-

САД ги повлекоа своите службеници од Бахреин, Ирак, Јордан, Катар и Кувајт, затворена амбасадата во Кувајт
-

Сончево и топло до 20 степени
