Папата Фрањо жали за жртвите од дискотеката во Кочани
Во телеграма потпишана од државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин во недела 16 март 2025 година, се изразува близината на папата Фрањо со семејствата кои ги загубија најблиските, главно млади луѓе, во пожарот што избувна во дискотека во Кочани.
Папата Фрањо изразува „искрено сочувство“ и ја ветува својата „духовна близина со повредените“ во пожарот што избувна во текот на ноќта во ноќен клуб во Кочани, предизвикувајќи 59 загинати и 155 повредени.
Ова се наведува во телеграмата потпишана од државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пјетро Паролин, упатена до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов. Во текстот, папата Фрањо ветува дека во неговите молитви ќе ги има оние кои ги загубија своите животи“, и моли „небесна утеха за оние кои ги страдаат од последиците“ на ова тешко искушение.
Ново на Сител
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман
-
Во Битола контроли во угостителски локали и кафе барови