Парични средства за првите новороденчиња во Македонска Каменица
Новата 2019 година почна успешно на полето на наталитетот во Општина Македонска Каменица. Двете новороденчиња, кои се родија уште на првиот ден од новата година, ги подгреа надежите дека годинава бројката на новородени бебиња во рударското гратче ќе биде поголема од минатите години. За да се случи ова и општината прави напори со тоа што и годинава на семејствата каде се родија новороденчињата им додели парична помош.
-Ги посетив семејствата во Македонска Каменица кои во новата година добија сите новороденчиња родени на 1 јануари во Новата 2019 година. Упатувајќи им честитки на семејствата, со желби за долг живот, добро здравје и многу среќа на новороденчињата им врачив вредносни чекови во износ од 10.000 денари, односно 20.000 денари за првороденото дете. За нас како општина е мошне важна поддршката за ваквите семејства, а воедно со ова сакаме и понатаму да продолжиме со стимулирањето на младите двојки во насока на зголемување на наталитетот во општината, истакна градоначалничката ма Македонска Каменица, Соња Стаменкова.
Првите новороденчиња во Македонска Каменица се родени надвор од тамошната здравствена станица што го продолжува трендот се повеќе деца да се раѓаат во поголемите медицински центри во државата. Иако и во М.Каменица исто како и во Делчево има родилиште, сепак родилките поради немањето анестезиолог не ризикуваат и освен во исклучителни ситуации своите деца ги раѓаат во Кочани, Штип или Скопје.
Што се однесува до паричната поддршка за новороденчињата минатата година Општина Македонска Каменица донесе нова Програма за новороденчиња, со која износот на средства од 10 илјади денари е зголемен на 20 илјади денари за првородено дете во годината, односно 10 илјади денари за секое новороденче, наместо поранешните шест илјади денари.в
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра