Павловски: Наш кандидат за советник е физички нападнат од кандидат за советник на СДСМ

Советник од СДСМ во Куманово физички нападнал кандидат за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Николај Павловски од иницијативата денеска на прес-конференција рече дека кандидатот Реџеп Реџеповски бил физички нападнат од советникот Самет Салиевски.
-На само една недела пред вториот круг од локалните избори, почнаа насилствата и физичките пресметки во Куманово само за да се добие глас плус повеќе! Вчера, на 23.10.2021 година врз наш кандидат за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Реџеп Реџеповски е извршен физички напад од страна на советник на СДСМ Самет Салиевски и неговиот татко, во населба Средорек. Овој случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Но, апелираме до министерот Оливер Спасовски и МВРО на квадрат веднаш да престане да се занимава со кампања и да излезе во заштита на граѓаните. Да престанат притисоците и заканите на нашите граѓански активисти, рече Павловски.
Според него, ова не е единствен притисок кој се вршел врз граѓанската иницијатива.
-Како е возможно целиот овој изминат период да се соочуваме со бројни притисоци, закани, манипулации, а МВРО никаде да го нема? Поважно на Оливер Спасовски му е да ја тера кампањата за градоначалник како тој да е кандидатот во Куманово. Срамота е ова што се случува! Прво почнаа со притисоци врз граѓани и вработени во јавните институции да доставуваат списоци со 10 до 15 гласачи, потоа продолжија со лажни обвинувања и обиди да наместат советници за наводен поткуп, но не им успеа. На крајот, кога видоа дека граѓаните ги казнија на изборите почнаа и физички да се пресметуваат со чесни и одговорни луѓе, со личности признати од светот, со Олимпијци , со гордост на Македонија! Зошто почнавте да практикувате насилство на 7 дена пред изборите? Поразот треба да ве размисли за вашите постапки, а не да предизвикува чувство за насилство! Насилствата се забранети во демократски општества! Без разлика на сите
притисоци, закани и манипулации кои сакате да ги прикажете кај граѓаните, поддршката на нашиот концепт се зголемува се повеќе од ден во ден, како што и самите граѓани на 17-ти октомври се изјаснија кој е најдобриот избор за градоначалник на општина Куманово, рече Павловски.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
