Пазарниот инспекторат затвори преку 17 објекти кои не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот
Државниот пазарен инспекторат досега затворил преку 17 објекти кои не ги почитувале владините мерки за заштита од коронавирусот.
Како што соопшти директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски, три објекти се затворени на 13 и 14 март, вчера се затворени седум, а денеска, само досега се затворени уште најмалку седум.
– Од денеска веќе постапуваме. Затвораме објекти каде има нарушување и непочитување на владините одлуки. Инспекторите се постојано на терен, и дење и навечер, до 00:00 часот. Но, имаме и дополнителни екипи кои вршат контроли ноќе со оглед на дојавите од граѓани дека некои објекти и тогаш работат, рече Пауновски на прес-конференција во Владата на која присуствуваа директорите на пет инспекторати.
Според Пауновски, секогаш има луѓе кои не го почитуваат пропишаното, па казните за нив ќе бидат согласно одлуката на Владата.
Како што беше речено на прес-конференцијата, Државниот пазарен инспекторат досега исконтролирал 80 маркети и аптеки. Не утврдил покачување на цените. Спровел и 3.000 надзори. Притоа констатирал дека најголем дел од одбјектите ги почитуваат мерките. Ако некој има сознанија за објект кој работи спротивно на владините препораки, може да пријави на телефонскиот број 02/3220547.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи